Бујар Муча, д.и.а
Основач и Косопственик
Дипломирал на Архитектонскиот Факултет во Скопје, во 1991 година. Работи како архитект повеќе од 30 години. Низ текот на долгогодишното работно искуство во Република Северна Македонија и надвор од неа, работи на разновидни проекти од областа на образованието, културата, здравство, инфраструктурни проекти, индустрија, институционални објекти, администритавни и станбени згради, објекти од областа на спортот и дизајн на јавни површини. Воедно и проекти за ентериер, сценографии и конкурсни проекти.
Предраг Андонов, д.и.а
Основач, Косопственик и Управител
Основач и косопственик на проектанското биро МЕГАРОН Инженеринг. Дипломирал на Архитектонскиот Факултет во Скопје, во 1990 година. Работи како архитект повеќе од 30 години. Низ текот на долгогодишното работно искуство во Република Северна Македонија и надвор од неа, работи на разновидни проекти од областа на образованието, културата, здравство, инфраструктурни проекти, индустрија, институционални објекти, администритавни и станбени згради, објекти од областа на спортот и дизајн на јавни површини. Воедно и проекти за ентериер, сценографии и конкурсни проекти.
Ивана Миронска Рајчевска, д.и.а.
Родена во Скопје, дипломирала на Архитектонскиот Факултет во Скопје во 2008 година. Работи во проектантското биро од 2009 година. Работи како архитект на разновидни проекти од областа на образованието, културата, здравство, инфраструктурни проекти, администритавни и станбени згради, објекти од областа на спортот, дизајн на јавни површини и конкурсни проекти. Поседува Овластувања А за проектирање и надзор издадени од Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РСМ.
Јане Тулбевски, д.и.а.
Роден во Скопје, дипломирал на Архитектонскиот Факултет во Скопје во 2008 година. Работи во проектантското биро од 2017 година. Работи како архитект на разновидни проекти од областа на образованието, културата, здравство, инфраструктурни проекти, администритавни и станбени згради, објекти од областа на спортот, дизајн на јавни површини и конкурсни проекти. Поседува Овластувања А за проектирање и надзор издадени од Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РСМ.
Теодора Петрушева, д.и.а.
Родена во Богданци, дипломирала на Архитектонски факултет во 2021 година. Работи во проектантското биро од 2022 година. Работи како архитект соработник на проекти од областа на административно-деловни, станбени згради и инфраструктурни проекти.
Борче Ацевски
Во компанијата е вработен повеќе од 25 години, од самите почетоци на нејзиното формирање. Во проектантантското биро МЕГАРОН Инженеринг е задолжен за административно-технички работи.
Валентина Маневска, д.г.и.
Родена 1967 година. Дипломирала на градежниот Факултет во Скопје – конструктивен смер во 1992 година. Работи во проектантското биро од 2022 година. Има работено како градежен инженер на објекти од високоградба: станбени згради, станбени кули, индивидуални куќи и деловно-трговски објекти. Поседува Овластувања Б за проектирање, надзор и изведба, издадени од Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РСМ.