ЗА НАС

МЕГАРОН ИНЖЕНЕРИНГ

МЕГАРОН Инженеринг е архитектонско биро, основано 1992 година, од страна на архитектите Бујар Муча и Предраг Андонов.

Основната дејност на компанијата е проектирање, подготовка на техничка документација за изградба на објекти во сите фази (архитектура, конструкции, машински инсталации, електрични инсталации, водовод, канализација, греење), проектирање на енетериери, изведба и надзор.

Во текот на 30 – годишното постоење успеавме со својот креативен процес да формираме уникатно портфолио со објекти од различен спектар и полиња. Во соработка со нашите архитекти како и надворешни креативни соработници и инженери создадовме јавни и приватни објекти од областа на образованието, културата, здравството, инфраструктурни проекти, индустрски објекти, објекти на јавни институции, администрaтивно-деловни и станбени згради, објекти од областа на спортот, дизајн на јавни површини, архитектонско-урбанистички визии и планови, сценографии за телевизиски филмови и серии за деца и др.

Движечкиот креативен процес во МЕГАРОН се заснова на тимската работа и меѓусебната соработка. Континуирано сме отворени за соработка со млади и креативни индивидуалци како би го продолжиле нашиот архитектонски израз во проектирањето на објекти од сите области.

МЕГАРОН

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ

Во последните 30 години во компанијата имаат работено / соработувано повеќе од 50 инженери од различни области.

30
Години постоење
343
Изработени Проекти
275
задоволни клиенти

ШТО РЕКОА ЗА НАС

НАШИТЕ КОЛЕГИ
Megaron